Македонија 2 славеше над Бугарија

Втората кадетска селекција на Македонија стигна до првата победа на турнирот во Скопје, откако во денешната пресметка триумфираше над Бугарија со резултат 32-25.

Нашите млади ракометари одиграа квалитетен меч, наметнувајќи темпо што бугарските репрезентативци не можеа да го следат. Избраниците на селекторот Матлиески по првото полувреме водеа со 17-14, а во ист стил продолжија и во вторите 30 минути, на крајот стигнувајќи до триумф од седум гола разлика.

Првиот тим на македонската кадетска репрезентација својот меч од второто коло ќе го игра во 20 часот, а ривал ќе му биде селекцијата на Србија.

Се вчитува...