ЕКИПА ВО ЉУБЉАНА,
Никола Станикевски
Фудбалската репрезентација на Македонија утре против Словенија ќе го одигра вториот натпревар Б-дивизијата во новото издание во Лигата на нации.
По воведниот пораз од Швајцарија, мислите сега се насочени кон Словенците кои во првото коло ремизираа против Шкотска.
На овој меч нема да може да сметаме на Езгијан Алиоски кој поради повреда на листото остана во Скопје каде ќе се обиде заедно со медицинскиот тим да ја санира да биде подготвен за мечевите со Шкотска на домашен терен и Швајцарија на гости.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
