Македонија без поддршка во Тбилиси, Грузија ќе „лета“ пред повеќе од 50.000 гледачи

ЕКИПА во Тбилиси
Горан Бошев

Македонската селекција е позната по тоа што секаде низ Европа има поддршка од фанови. Меѓутоа утре нема да биде така во Тбилиси. Поради далечината и поради тоа што во Тбилиси живеат малку Македонци, ќе нема гостински навивачи на стадионот „Борис Пачадзе Динамо Арена“ каде што ќе се игра утрешниот меч.

Затоа Грузијците ќе имаат максимална поддршка и ќе играат пред полни трибини на свои навивачи. Еуфоријата во Тбилиси е голема, па се очекува утре повеќе од 50.000 навивачи на националниот стадион во Тбилиси.

Грузија е во форма, селекцијата е на првото место, го имаат Квича Кварацхелија кој игра во страшна форма, а имаат шанса одново да бидат во бараж за пласман на ЕП 2024 година, па така уште утре момците на Вили Сањол може да го потврдат првото место на табелата со евентуална победа над „десеткуваната“ Македонија.

Се вчитува...