Македонија доби организација на уште еден младински ЕХФ шампионат

Македонија и во наредната година ќе биде домаќин на уште еден ЕХФ-шампионат, како резултат на добрите препораки што нашата земја ги добива за беспрекорната организација на претходните континентални собири.

Скопје во 2020 ќе биде домаќин на ЕХФ шампионатот за ракометари на возраст до 18 години, едно од трите вакви натпреварувања заедно со оние во Бургас, Бугарија и Подгорица во Црна Гора. Европското првенство за најсилните селекции на оваа возраст ќе се одржи во Целје, Словенија.

Европската куќа на ракометот денеска реши и младинското ЕП за играчи до 20 години да се одржи во Австрија и во Италија. ЕХФ шампионатите за оваа возраст ќе бидат организирани во Рига, Летонија и во во Бугојно, БиХ.

Се вчитува...