Во рамките на Изборниот Конгрес на Европската ракометна куќа од страна на првите луѓе на ЕХФ беа доделени специјални награди и признанија нa десет национални федерации кои во периодот од 2021 до 2025 година биле врвни организатори на европски првенства во пооделни категории.
Меѓу нив и Македонија која водена од претходното раководство на РФМ, на чело со претседател Живко Мукаетов и генералниот секретар, Филип Милошевски, оставија и тоа како значајна трага во европскиот ракомет, и преку организацијата на врвно ниво на бројните првенства под капата на ЕХФ и ИХФ.
Секако, круна беше и Европското сениорско првенство 2022 во женска конкуренција за кое Македонија доби исклучителни признанија, овој пат со официјална потврда и на Конгресот на ЕХФ.
Ракометната федерација на Македонија, предводена од Живко Мукаетов, во изминатите десет години се изгради како повеќе од респектабилна национална организација силно препознаена во европски и светски рамки. Сето тоа како момент кој обврзува и за идните активности на македонскиот ракомет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

