Екипата на ГРК Тиквеш ќе добие сигурно место во ЕХФ Европскиот Куп следната сезона согласно регулативите на Европската ракометна федерација.
Откако Алкалоид го освои ЕХФ Европскиот Куп, Македонија по автоматизам добива уште едно место во ЕХФ Европскиот Куп, а ГРК Тиквеш како најдобропласирана екипа во Суперлигата што нема освоено место во Европа, доби право да се пријави во ова натпреварување.
ГРК Охрид ќе биде најдоброрангираниот тим од Македонија во ЕХФ Европскиот Куп, а вајлд карта би можел да добие и тимот на Бутел Скопје.
Европската ракометна федерација на осми јули ќе ги објави учесниците и ранг листите за ЕХФ Европската лига и ЕХФ Европскиот Куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА