Македонија домаќин на кадетско светско првенство

Ракометната федерација на Македонија ќе биде организатор на Светското првенство за кадетки летово. Шампионатот требаше да се игра во Грузија, но оваа земја се откажа, а денеска тоа беше потврдно и на Управниот одбор на РФМ.

Македонија со титулата на кадетскиот ЕХФ шампионат во Литванија, го обезбеди своето место на Мунијалот, кој ќе се одржи во периодот од 30. јули до 10. август годинава во Скопје.

„Женско кадетско Светско првенство требаше да се одржи во Грузија. Но, истото ќе биде одржано во Скопје, останува на крајот на овој месец да се потпише договорот за соработка. Испратени се сите документи, истито ќе се одигра од 30. јули до 10 август во Скопје“, рече генералниот секретар, Филип Милошевски.

Ова е уште еден комплимент како држава и како федерација, потенцираше првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.

„Ова е уште комплимент за нас како држава и како федерација дека водиме гржа за девојчињата. Смета дека од аспект од организаиција не чека сериозна екипираност, на ова првенство ќе учествуваат 32 држави. Ова ќе биде добра шанса за кадетската македонска репрезентација да се прикаже во најдобро светло пред домашната публика. Ова Светско првенство ќе биде нов празник за ракометот. Од друга страна треба да бидеме на ниво на задачата, ќе треба да се вклучат што поголем број на луѓе“, рече Мукаетов.

Се вчитува...