Македонските кошаркари лесно и убедливо ја совладаа Ирска, уште еднаш потврдувајќи дека местото не им е меѓу најголемите аутсајдери, во претквалификациите за европското првенство што ќе се одржи во 2029 година.
Пет победи на пет натпревари, лесно решени Азербејџан, Луксембург и Ирска, тоа е успех само на хартија, нешто што треба да мотивира во наредните предизвици кои доаѓаат веќе следниот месец.
Затоа што крајната цел е пласман на Евробаскет 2029, за кој ривалите во квалификациите ќе ги добиеме наскоро, а новиот циклус ќе стартува кон крајот на август. Во Јакимовски добиваме сериозен лидер, за странец кога ќе биде најважно речиси сигурно ќе го имаме центарот Мозес Рајт, но на селекторот Берокал му е јасно дека има уште многу работа пред себе – затоа што најтешкото допрва доаѓа.
За среќа, тој и сите кошаркари се максимално мотивирани да се докажат и во тие нови квалификации за конечно да се израдуваме – Македонија во 2029 да биде на едно европско првенство во кошарка, прво уште од 2015 во Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА






























