ЕКИПА ВО ЉУБЉАНА,
Никола Станикевски
Фудбалската репрезентација на Македонија утре против Словенија ќе го одигра вториот натпревар Б-дивизијата во новото издание во Лигата на нации.
По воведниот пораз од Швајцарија, мислите сега се насочени кон Словенците кои во првото коло ремизираа против Шкотска.
Фудбалерите вечерва на „Стожице арената“ го одработија официјалниот тренинг. Словенија е противник кој исто така има многу проблеми, па е одлична шанса за добар резултат кој треба да ни донесе позитива пред мечевите против Шкотска во Скопје и Швајцарија во Луцерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА










