Македонија е посилна од проблемите – безусловно на триумф против Грузија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Тбилиси,

Горан Бошев

Македонската репрезентација го одработи официјалниот тренинг на „Динамо арена“ во Тбилиси пред утрешниот натпревар со Грузија во Лигата на нации.

Македонија ја чека клучниот натпревар во битката за првото место во групата, иако е јасно дека ќе биде повеќе од тешко да се дојде до победа повисока од три гола во ситуација кога селекторот Благоја Милевски се соочува со сериозни проблеми.

Дури девет репрезентативци од составот против Италија и Португалија во баражот за СП 2022 сега ќе ги нема Милевски на располагање, меѓу кои и секогаш стандардните Адеми, Ристовски, Чурлинов, Костадинов, Николов, Ристевски…, но Македонија може да биде посилна од проблемите. Затоа и денеска сите од националниот табор порачуваат дека утре, безусловно, ќе се атакува на триумф против Грузија.

Натпреварот меѓу Грузија и Македонија во Тбилиси се игра утре со почеток од 18 часот на „Динамо арена“.

 

Се вчитува...