Македонија е во нокдаун, Турција поведе со 2-0 (видео)

Турција продолжи да доминира по водечкиот гол на Кокчу, па домашната селекција на почетокот од 16. минута веќе има предност од 2-0 во дуелот со македонскиот национален тим.

Узун беше стрелец на вториот погодок за турската селекција, откако одлично се снајде и испрати удар од петнаесетина метри што мина меѓу првиот дирек и Димитриевски, завршувајќи во нашата мрежа.

Голот на Узун за 2-0 може да го погледнете ОВДЕ,  а останува да се надеваме дека ќе успееме да ја консолидираме играта за да не примиме уште некој погодок во првото полувреме.

Се вчитува...