Македонија и Турција единствени бранители на фудбалот од Југоисточна Европа на ЕВРО 2020!

Колкава е значењето од пласманот на Македонија меѓу најдобрите фудбалски нации на ЕВРО 2020, доволен показател е што македонската репрезентација, заедно со Турција, се единствените бранители на фудбалот од Југоисточна Европа.

Без разлика што пласманот на Европското првенство беше обезбеден преку Д Лигата на нации, факт е дека националниот тим повеќе од заслужено е со место меѓу најдобрите на Стариот континент, издвојувајќи се буквално пред сите земји од регионот.

На ЕВРО 2020 нема да има место за Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Романија, Косово, Молдавија, БиХ, Словенија и Албанија, па Македонија, на наше задоволство, делува „изолирано“ на овој дел од фудбалската карта на Европа.

Од земјите од поранешна Југославија, покрај Македонија на Европското првенство ќе има место уште само за Хрватска.

Се вчитува...