Македонија ги „пензионираше“ Инсиње, Имобиле и Жоржињо – Манчини веднаш се фати за „метлата“ во Италија

По елиминацијата на Италија во квалификациите за СП, Македонија успеа да ги раздрма односите во фудбалската селекција на „Аѕурите“.

Тимот на Роберто Манчини го чека натпревар со Турција, а селекторот даде дозвола на шестмина фудбалери да го напуштат репрезентативниот капм во Коверчано – Инсиње, Имобиле, Жоргињо, Верати, Џанлука Манчини и Берарди.

Италијанските медиуми пренесуваат дека ваквата одлука на Манчини е најава за тројцата да заминат во пензија од дресот со националниот грб.

Покрај нив тројца, од Италија си заминаа и Марко Верати, Џанљука Манчини и Доменико Берарди. Неизвесна е судбината на селекторот Роберто Манчини од кого се бара оставка, иако за време на летото го освои Европското првенство.

Се вчитува...