Македонија ЃП ги прекинува тренинзите, по вчерашните „позитивни случаи“ во Шкендија и во Ренова

Фудбалерите на Македонија ЃП од денеска ги прекинуваат сите тренинг активности по вчерашните информации за позитивни на Ковид-19 во редовите на Шкендија и на Ренова.

Како што информираат од клубот тие прекинуваат со тренинзи во очекување на идните насоки од државните институции, но и од Фудбалската федерација на Македонија.

„Ние како одговорен клуб за здравјето на нашите фудбалери и сите вработени во клубот ги прекинуваме сите активности од денеска, и чекаме нови насоки од владата на РСМ и ФФМ. Македонија ЃП од секогаш била за решение на фудбалот на зелените терени, но со глава во ѕид не се оди, се срамиме од вестите на некои медиуми и ги демантираме сите вести дека имаме закажано пријателски натпревар со ФК Вардар!“ – велат во своето соопштение од Македонија ЃП.

Се вчитува...