Македонија ЃП го претстави Робсон да Силва

Прволигашот Македонија Ѓорче Петров го претстави Бразилецот, Робсон да Силва за нов фудбалер на тимот. Ова ќе биде втора авантура на Бразилецот во тимот од Ѓорче Петров во кој доаѓа од редовите на струмичка Беласица.

Тој дел од „лавовите“ беше и во периодот од 2018 до минатата година кога премина во струмичкиот тим. Покрај Беласица и Македонија ЃП популарниот Робињо настапуваше и за бразилската Гарантигета и португалската Сертаненсе.

 

Се вчитува...