Македонија ЃП на позајмица ги донесе и Сефер Емини и Марио Крстовски

По договорот со младинскиот репрезентативец Марио Младеновски кој пристигна на едногодишна позајмица од редовите на бугарскиот Ботев Пловдив, Македонија ЃП продолжува со засилувањата за сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

„Лавовите“ на позајмица до крајот на годината го врати и поранешниот свој фудбалер Сефер Емини кој доаѓа од редовите на руски Акрон Тољати.

На позајмица пристигнува и офанзивецот Марио Крстовски од редовите на Зрински од БиХ.

Се вчитува...