Македонија ЃП после подготовките во Маврово, одработи два дена на својот стадион во Ѓорче Петров, а од денеска е во Банско каде ги продолжува подготовките за настапите во Конференциската Лига и дуелите со ЦСКА Софија во 2. квалификациско коло.
Македонија ЃП за време на престојот во Банско, ќе одигра четири пријателски натпревари. Серијата на „контроли“ почнува со Мавлон на 2. јули, пет дена подоцна ѓорчепетровци ќе се сретнат со АПОЕЛ, потоа на 10. јули со Политехника, а на 13. јули ќе се сретне со Стеауа.
„Лавовите“ досега одиграа две пријателски средби. Со косовски Лапи одигра 1:1, а со Дрита 2:2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА