Македонија ЃП од пенал минимално поразена од Штутгарт Кикерс

Македонија ЃП денеска ја одигра втората контрола на подготовките во Анталија. Противник беше германскиот нисколигаш Штутгарт Кикерс (наместо полски Стал), и германскиот тим беше подобар со 1-0.

Голот беше постигнат во последната минута од првиот дел од пенал, кога прецизен беше Туњиќ. Токму Туњиќ имаше уште една шанса, но не успа да го зголеми резултатот.

Натпреварот го одбележаа лошо судење по кое беа забележани и четири црвени картони од кои три во редовите на македонскиот тим. Истите ги „заработија“ Младеновски, Божиновски и Личина, како и играч на германскиот состав.

На првиот „тест“, Македонија ЃП водеше 1-0 со Спартак Варна, натпревар кој беше прекинат пред самиот крај поради силно неввреме.

Се вчитува...