Македонија ЃП од пенал поведе против Струга ТЛ во финалето на Купот (ВИДЕО)

Екипата на Македонија ЃП во 28. минута успеа да дојде до предност во дуелот против Струга ТЛ во финалето на Купот, и така да го направи првиот чекор кон пехарот.

Стрелец на голот беше Филип Мишевски од пенал. По изведен корнер и ударот на Попзлатанов од далечина, со рака играше Кочоски во својот шеснаесетник, и судијата Стојчевски досуди удар од 11 метри.

Мишевски шутираше по средината на голот и го совлада Ќосевски за предност. Пред голот двата тимаа игра многу претпазливо и немаше многу шанси на двете страни.

Се вчитува...