Македонија Ѓорче Петров загуби со 0-1 од ЦСКА Софија на контролниот дуел како дел од подготовките на македонскиот прволигаш во Анталија. Стрелец на победничкиот гол за бугарскиот тим беше Топузов во 16. минута. Жикица Тасевски натпреварот го почна со следните единаесет: Стевковски, Чарлстон, Личина, Китановски, Атанасовски, Робињо, Адем, Петров, Фернандињо, Божиновски и Фазли.
Претходно „лавовите“ забележаа пораз и од Олександрија и Инхулец. На трети февруари македонскиот клуб ќе игра со Минај, а подготовките во Анталија ќе ги заврши со мечот против Олимпик Доњецк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА