Македонија ЃП реагира на судењето во Струга, за Плачковица судиите го решиле мечот со Брегалница (ВИДЕО)

Македонските второлигаши искажуваат незадоволство од делењето на правдата изминатиов викенд на домашните фудбалски терени.

Незадоволство од начинот на кој се судеше во Струга искажаа од редовите на Македонија ЃП потенцирајќи дека на поразот од 2-0 кумувале судиите кои дозволиле признавање на првиот гол на Струга Трим Лум од офсајд позиција, а кој понатака влијаел на резултатот…

„При пвиот гол на домашните во 17. минута двајца фудбалери на Струга беа во офсајд позиција. Но помошниот судија остана нем“ – велат од Македонија ЃП.

Незадоволство од судењето искажаа и од Плачковица кој во Втората лига – Исток загуби на домашен терен во Радовиш со 0-1 од штипска Брегалница со гол уште во 10. минута од средбата.

Од Плачковица наведуваат дека имало тенденцизно судење на штета на нивниот тим, притоа издвојуваќи видео материјал со неколку од грешките на судиите…

„Уште еднаш се потврди дека македонскиот фудбал тоне се повеќе во една бездна што не и се гледа крајот. Ова се потврди и во саботата во Радовиш на второлигашкиот натпревар помеѓу екипите на Плачковица и Брегалница, каде главен актер беше главниот судија, Дејан Младеновски од Скопје со неговите помошници, кои изгледа би требало да посетат некоја очна клиника. Овој натпревар требаше да биде дерби на истокот и празник на фудбалот во Радовиш, но сето тоа не го дозволи судијата Младеновски. Раководството на ФК Плачковица остро регира на класичната судиска кражба на саботниот натпревар на кој судијата Младеновски најпрвин како на филмска трака им делеше жолти картони на нашите фудбалери за приговори. Следуваше и црвен картон за еден од нашите фудбалери. Од друга страна за да приказната биде уште потажна судијата Младеновски во три ситуации не досуди пенал за Плачковица. Раководството на ФК Плачковица најостро реагира на саботната арбитража(кражба) од страна на судијата Младеновски и неговите помошници. Јавно прашуваме до кога судиите ќе бидат главни актери на натпреварите наместо фудбалерите? До кога судиите ке ја кројат судбината на мак-фудбалот и ќе го кројат исходот од натпреварите. Сериозно размислуваме дали има потреба од понатамошно натпреварување на ФК Плачковица со ваков судиски критериум“ – велат од ФК Плачковица во своето обраќање до јавноста.

Се вчитува...