Македонија ЃП ремизираше на ’контролата’ со Борац Чачак

Македонија ЃП денеска го одигра својот прв контролен натпревар, откако „лавовите“ вчера пристигнаа во Охрид каде ќе се реализира втората фаза од зимските подготовки.

Екипата на Јовица Кнежевиќ ремизираше со Борац Чачак (1-1). Македонија ЃП дојде до предност на дуелот со погодокот на Фетаи во првото полувреме, но тимот од Србија успеа да стигне до реми.

На овој дуел, стратегот Кнежевиќ им даде шанса на сите фудбалери кои ги има на располагање, со цел да се провери квалитетот на екипата, која има потешкотии оваа сезона во Првата лига. Следниот натпревар тимот од Ѓорче Петров го игра против Шкупи, во четврток.

Се вчитува...