Македонија ЃП се засили со напаѓачот од Гана, Абдул Басит

Македонија ЃП за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига се засили со напаѓачот од Гана, Калид Абдул Басит.

24-годишниот Абдул Басит меѓу „лавовите“ доаѓа од редовите на албанскиот прволигаш Теута од Драч. Претходно во кариерата, покрај за тимот од Гана, ФЦ Дримс, има настапувано и за косовскиот прволигаш Приштина каде играше од 2016 до 2019 година.

Со Македонија ЃП сега се согласи на договор до јуни 2021 година.

 

Се вчитува...