Македонија ЃП со ангажман на Стефан Лазаревиќ од Вардар (ФОТО)

Македонија ЃП го промовираше Стефан Лазаревиќ како свое ново засилување за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

24-годишниот десен бек повторно се враќа меѓу „лавовите“ по 2018 година кога го напушти клубот.

Претходнава сезона настапуваше за Вардар, а во својата кариера има настапи и за Скопје, Гостивар, Тетекс и Борец Велес.

Се вчитува...