Екипата на Македонија ЃП забележа минимална победа од 1-0 против составот на Камјани, во воведниот натпревар од 5. коло во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) кој попладнево се одигра во Ѓорче Петров.
Творец на триумфот за домашниот тим беше Стефан Темелков, кој го постигна единствениот погодок во 70. минута од натпреварот.
По една одлична акција, Темелков се најде во идеална позиција пред противничкиот гол и рутински ја затресе мрежата на гостите за голема радост на „лавовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
