Македонија ЃП со убедлива победа над Мавлон во Банско (ВИДЕО)

Македонија ЃП оствари убедлива победа на стартот на пријателските натпревари во Банско, каде што е екипата на подготовки. Денеска ѓорчепетровци со 3-0 го совладаа нигерискиот тим Мавлон.

Головите ги постигнаа Емини од пенал, Лемос и Мена Перез. По првиот дел беше 1-0. Тренерот Муарем Бајрами им даде шанса на сите фудбалери.

Тренерот Бајрами по натпреварот истакна дека е задоволен од резултатот, а дека играта може да биде уште подобра.

„Одлична контрола, да провериме цела екипа како треба да изгледаме во иднина. Искрено сум задоволен од резултатот, но од играта мислам дека можеме подобро и сигурен сум дека во иднина ќе се поправиме затоа што нас ни недостасуваат и неколку фудбалери“, рече Бајрами. 

Следен противник на Македонија ЃП е кипарски АПОЕЛ на 7. јули.

Видео од головите од денешниот натпревар:

Се вчитува...