Македонија ЃП водеше против Спартак Варна 1-0, но силно невреме го прекина мечот

Македонија Ѓорче Петров имаше водство во дуелот со бугарскиот тим Спартак Варна денеска од 1-0, но натпреварот беше прекинат на 18 минути пред крајот поради силно невреме и истиот немаше услови да биде продолжен.

Македонија ЃП водеше со гол во 30. минута од средбата. Во вториот дел се играше до 73. минута, кога судијата се одлучи за прекин откако настапи силно невреме, на моменти проследено и со град.

Следната контрола на ѓорчепетровци е на 27. јануари со Стал Миелец од Полска.

Се вчитува...