Македонија ЃП закажа два „теста“ во Кичево

Македонија ЃП денеска замина во Маврово на неколкудневни подготовки, а планирани се две пријателски средби кои ќе се одиграат во Кичево.

Првата контрола „лавовите“ ќе ја имаат на 22. јуни во 18 часот против Дрита Гнилане. Вториот „тест“ ќе биде против Лапи на 26. јуни исто така во 18 часот. Двете пријателски се играат на градскиот стадион во Кичево.

После Маврово, екипата заминува на подготовки во Банско, Бугарија. Тимот се подготвува за настапите во 2. коло во Конференциската Лига и дуелите против бугарскиот тим ЦСКА Софија.

Се вчитува...