Фудбалската репрезентација на Македонија во последните две кола ќе има тешка задача да го освои второто место во квалификациската група Ј за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година.
Во последните два меча влегуваме со бод помалку од Романија и натпревари против Ерменија на гости и Исланд дома. Од друга страна пак Романците играат дома со Исланд и на гости со аутсајдерот Лихтентштајн.
Првите од секоја од десетте квалификациски групи во Европа ќе се квалификува директно на Светското првенство, додека второ пласираните заедно со двете најдобри од Лигата на нации кои преку квалификациите не избориле пласман ќе бидат дел од баражот.
Во баражот ќе учествуваат 12 репрезентации кои ќе бидат поделени во три турнири по четири. Македонија и доколку заврши втора во групата Ј не може да биде домаќин на турнирот бидејќи сме во групата во која најмалку поени ќе освои една од репрезентациите која ќе се најде на второто место.
Полуфиналните дуели во баражот ќе се играат на 24. и 25. март, додека финалните мечеви се закажани за 28. и 29. март.
Most likely groups to host a UEFA playoff semifinal
Group A: 100%
Group C: 98.2%
Group B: 95.2%
Group I: 89.8%
Group H: 73.4%
Group G: 51.8%
Group E: 49.6%
Group F: 42.0%
Group D: 0%
Group J: 0%— We Global Football (@We_Global) October 12, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА