Македонија игра фудбал: Од најмалите па се до студентите… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со цел да ја подигнеме свеста за фудбалот и спортот воопшто меѓу најмладите, Фудбалската федерација на Македонија и Федерацијата на училишен спорт на Македонија изминатиов период стартуваа со реализација на заеднички проект – Фудбал во училишта.

Новиот проект за училишен фудбал им овозможува на децата од основните училишта да бидат дел од спортски настани и проекти наменети само за нивната возрасна категорија. Проектот на ФФМ и Федерацијата на Училишен спорт на Македонија и целите предвидени во него се направени по низа анализи, дискусии, состаноци и консултации со стручни лица кои се предвидени да бидат дел од овој значаен проект. Па сега, едноставно сите македонски ученици – играат фудбал. Фудбал се игра во секое основно училиште во земјава, во сите средни училишта и на Универзитетите. Се низ интенцијата за дополнителна промоција на фудбалската игра и нова масовност…

Проектот „Фудбал во училиштата“ се имплементира од март 2018 година до мај 2020 година во три фази. Првата фаза трае до мај оваа година а во неа  ќе бидат опфатени момчиња и девојчиња од второ до петто одделение од 40 основни училишта од 10 општини во Македонија вкличувајќи 6000 деца. Во втората фаза ќе бидат опфатени 10.000 деца од 80 училишта, додека пак со третата фаза се очекува да бидат вклучени 120 училишта што претставува една третина од основните училишта во Македонија, броејки до 15.000 деца.

Сето тоа како начин за основна грижа за зголемување на базата на млади фудбалер(к)и од каде ќе се црпат идните репрезентативци…

 

Се вчитува...