Македонија им посака добредојде на најдобрите млади ракометари

Пред почетокот на дуелот на македонската репрезентација и селекцијата на Аргентина, беше означен официјалниот старт на Светското кадетско ракометно првенство кое во следните 12 дена ќе се одржува во Скопје.

Натпреварувачкиот дел почна денеска уште во претпладневните часови, но официјалната церемонија на отворањето беше во пресрет на првиот натпревар на македонската селекција како домаќин.

„За македонската ракометна федерација претставува голема чест и задоволство да се биде домаќин на едно вакво натпреварување, да ги имаме најдобрите 24 селекции на кадети во светот и ова е одлична шанса за Скопје да се претстави како град, нашите две прекрасни сали и целата држава како добри домаќини. Се надевам дека и нашиот национален тим ќе постигне резултато кој сите ние го посакуваме, да стигне што подалеку. Ова е генерација која буквално ја следиме од првиот ден како Федерација и сметам дека на ова СП треба да биде нивната кулминација, а секако потоа ги чекаме и во сениорскиот национален тим“– порача претседателот на РФМ, Живко Муакетов.

„Ми претставува голема чест во името на Владата, од АМС и од моето лично име да ја поддржиме РФМ во организацијата на ова Светско првенство и да ги поздравиме најдобрите 24 кадетски селекции на светот Ракометот е спорт број еден во нашата земја и би сакал со добрата организација и игра на нашата репрезентација да го потврдиме тоа уште еднаш“ – изјави на отворањето директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Се вчитува...