Македонија има врвни голмани: Митревски и Кизиќ во Топ 5 најдобри одбрани во ЛШ (видео)

Комплетирано е второто коло од Лигата на Шампионите, а во резимето на ЕХФ се најдоа двајца македонски голмани, Никола Митревски и Марко Кизиќ, кои имаат свое место во Топ 5 листата од најдобри одбрани во изминатата рунда од елитното европско натпреварување.

Митревски беше еден од најзаслужните за чудесниот камбек на Порто на гостувањето против Целје, а еден од неговите одбранети зицери беше избран како петта најдобра интервенција.

Кизиќ имаше извонредна одбрана од контранапад на гостувањето против Алборг, доволна за трето место на оваа ранг-листа, за жал не и за избегнување на фијаското на Еурофарм на гостувањето во Данска .

Целокупната Топ 5 листа заедно со одбраните на Митревски и на Кизиќ можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...