Македонија ја потврди фаворитската улога против Луксембург!

Македонската одбојкарска репрезентација ја оствари првата победа во Европската лига 20206, откако вечерва во четири сета славеше над селекцијата на Луксембург во последниот меч од првиот турнир во натпреварувањето.

Македонија триумфираше со 3-1, по сетови со 23-25, 25-21, 25-20 и 25-13.

По поразот од Холандија, избраниците на Јошко Миленкоски почнаа несигурно па Луксембург го доби првиот сет во салата „Парк“ во Струмица.

Но, потоа Македонија предводена од Никола Ѓоргиев, Милев и Савовски, целосно доминираше за сосема заслужена победа.

Најдобриот македонски одбојкар Ѓоргиев запиша 30 поени, а одлични беа и Савовски со 11 поени, Милев со 8 и Костиќ кој заврши со 7 поени.

Следниот викенд Македонија оди на турнирот во Глифада, каде освен со домаќинот Грција, ќе игра и со Исланд.

Се вчитува...