ЕКИПА во Љубљана,
Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски
Четиринаесеткратниот европски шампион и актуелен континентален титулар, селекцијата на Русија доаѓа како противник во најлош можен момент за македонската одбојкарска репрезентација кој врза два порази на воведните натпревари од Европското првенство во Љубљана. Русија веќе има два победи, од дуелите против Турција и против Белорусија во кои загубија по еден сет.
„Екипата да биде заедно и компактна, да се надмине опасноста од ментален пад по тешкиот пораз од Турција. Против Русија да одиграме за чест и достоинство, да бидиме на повисоко ниво. Против Русија е тешко за било која репрезентација, за нашата уште повеќе“ – вели селекторот Никола Матијашевиќ во пресрет на дуелот со одбојкарскиот гигант.
Селекцијата на Русија е актуелен освојувач на Лигата на Нации, славеше во финалето во Чикаго над САД и ја одбрани титулата која ја освои и лани во Лил. Покрај ова, Русите имаат и светски и олимписки титули. Досега, македонската и руската селекција немаат меѓусебни дуели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА