Македонија ќе има силна поддршка од трибините во Љубљана (ФОТО)

ЕКИПА во Љубљана,

Никола Станикевски

Македонската репрезентација вечерва (20:45 ч.) ќе има силна поддршка од трибините во Љубљана на вториот натпревар од новата сезона во УЕФА Лигата на нациите, против домашната селекција на Словенија.

Македонската „Фаланга“ веќе го обие центарот на Љубљана, навестувајќи максимална поддршка за составот на Гоце Седлоски во желбата да се дојде до првите бодови и победа во Лигата на нациите, но и во 2026 година во која досега немаме постигнато ниту погодок.

Љубљана денеска е „развеселена“ од песната на „Фалангата“, со надеж дека песната ќе продолжи и после вечерашниот дуел со Словенците.

Се вчитува...