Македонија ќе има свој претставник на Светското Ред Бул финале во Дубаи! (ВИДЕО/ ФОТО)

Вчера во кафе бар Читална при ДСД „Гоце Делчев“, се одржа националното Red Bull Tetris финале, каде што осумте најдобри играчи во Македонија се соочија еден на еден во возбудливи дуели за титулата национален шампион.

По неколку интензивни кругови и тесни резултати, победата ја однесе Александар Голов, кој во финалето со две победи од три изиграни игри успеа да го совлада Владимир Тодоровски. Одлучувачкиот резултат на Александар изнесуваше 350.450 поени, додека Владимир заврши со импресивни 291.408.

Со оваа победа, Александар го обезбеди своето место на светското Red Bull Tetris финале во Дубаи, кое ќе се одржи во декември оваа година.

„Подгтвен сум за Дубаи! Знам дека бев најбрз – единственото битно во оваа игра е да не мислиш премногу, само да си брз,“ изјави Голов по триумфот.

Финалето се одржа во вистинска гејмерска атмосфера, пред публика која страсно навиваше за својот фаворит. Публиката ги следеше сите дуели во живо, додека на отворено, натпреварот беше проектиран на фасадата на ДСД „Гоце Делчев“, што овозможи и студентите и бројни случајни минувачи да бидат дел од настанот и да го гледаат во живо.

За оние што не можеа да присуствуваат, целата акција беше пренесувана во живо на YouTube каналот на „Дебели Гикови“, каде подкастерите Марио и Огнен го водеа натпреварот со свој препознатлив стил, додека илјадници онлајн гледачи активно навиваа за своите фаворити во коментарите.

Настанот го одбележаа високата енергија, точноста и брзината на играчите, како и поддршката на публиката која реагираше на секој пресврт во играта. Македонските финалисти уште еднаш покажаа дека Red Bull Tetris е повеќе од класична гејмерска битка, туку дека е комбинација од брзи рефлекси, стратегија и добар тренинг.

Следниот чекор за Александар е Дубаи, каде ќе се соочи со најдобрите Red Bull Tetris играчи од целиот свет и ќе го даде својот максимум да ја донесе титулата светски Red Bull Tetris шампион во Македонија.

Се вчитува...