Македонија меѓу најуспешните нации: И Бабоски и Андонов закитени како светски шампиони! (ФОТО/ ВИДЕО)

Македонија и дефинитивно е меѓу најуспешните нации на Светското јуниорско кикбокс првенство кое се одржува во Италија, по освоените нови два златни медали денеска на шампионатот.

Калин Бабоски и Томи Андонов попладнево беа закитени како нови светски шампиони, добивајќи ги официјално своите златни медали откако претходно славеа во финалните борби.

Бабоски во категоријата до 63 килограми лоукик во финалето беше подобар од Србинот Алекса Алексов…

Андонов, пак, во категоријата К1 над 81 килограм во финалето славеше над Матви Кујавец од Украина.

Бронзеното одликување го доби и Драгица Глигорова, која е уште една од македонските медалисти на Светското првенство 2026.

Драгица Глигорова

Во текот на вчерашниот ден, како што е познато, со злато се закити и Глигор Николов, а бронза освои и Петар Лозановски.

 

Се вчитува...