„Македонија не е џин, но им ги ‘раскрвари носeвите’ на големите“

Италијанската репрезентација е пред уште еден, голем предизвик за пласман на Мундијалот. Притисокот врз италијанскиот национален тим е огромен, особено ако се има во предвид дека „промашување“ на уште еден Мундијал, по оној минатиот во Русија, ќе значи КАТАСТРОФА за фудбалот.

Никој не очекуваше дека Италија ќе се најде во ваква ситуација, особено ако се има во предвид дека во финишот од квалификациите влегоа како актуелни европски прваци. Меѓутоа неочекуваните „киксови“ ги чинеа втора позиција.

Италијанските медиуми дополнително го зголемуваат притисокот врз Роберто Манчини, нагласувајќи дека ова му е еден вид и „купување“ на нов мандат на чело на италијанската репрезентација. Ако обезбеди Мундијал, тогаш сигурно ќе остане селектор најмалку до крајот на 2022 година, но доколку загуби од Македонија, тогаш тоа би значело дека ќе може да се „пакува“.

Исто така во Манчини се гледа спасител на италијанскиот фудбал, откако сите нивни клубови не се покажаа и во европските натпреварувања сезонава. Нема четвртфиналист во Лигата на шампионите, само Аталанта е во Лигата на Европа, а Рома во Лигата на Конференции.

Дел од италијанските медиуми се внимателни со коментарите, потсетуваат на победата на „мускули“ од Скопје, и ремито во Торино, како и победата на Македонија над Германија.

„Би било голема грешка да се сфати лесно противникот на овој натпревар. Можеби не е џин, но Македонија се покажа дека може да им го „раскрвари носот“ на големите. На Манчини е дали ќе си ја заштити позитицијата, или не. Доколку Италија не му пристапи на натпреварот како на оние од ЕВРО 2020, тогаш лесно може да се лизне. Како европски прваци, треба да бидат горди и да веруваат“, пишува новинарот Џанкарло Риналди.

Се вчитува...