Македонија не успеа да го „скрши“ отпорот на Ерменија: Реми без голови на дебито на Милевски (ФОТО)

Македонската репрезентација не успеа да го „скрши“ отпорот на дефанзивно ориентираната Ерменија во 4. коло од квалификациите за СП 2022 ремизирајќи без голови на националната арена „Тодор Проески“ на дебито на новиот македонски селектор Благоја Милевски. Гостите согласно играта очигледно во Скопје допатуваа по бод, и успеаја да го освојат со „бункерот“ пред својот гол кој избраниците на Милевски не успеаја да го пробијат.

Македонија беше подобра од Ерменците во првиот дел, контролирајќи ја играта на средината од теренот, но не успеа да искористи неколку можности во периодот од 25. до 35. минута кога креираше три убави шанси за погодок.

Најпрво капитенот Ристовски во 29. минута убаво се снајде по десната страна, но откако го надмудри гостинскиот голман расчисти ерменската одбрана. Потоа убав обид имаше и Александар Трајковски но за малку покрај десниот дирек, а во 31. минута и Костадинов убаво реагираше со глава пред голот на Ерменците но повторно непрецизно.

Ерменците се заканија само еднаш во првите 45 минути по една грешка во проигрување на македонските дефанзивци, но навреме реагираше голманот Столе Димитриевски.

Во второто полувреме Ерменија го имаше првиот обид, но Димитриевски во 56. минута го запре шутот на Варданјан кој беше прв во рамките на македонскиот гол.

Во 63. минута одлична шанса за Македонија. Алиоски испрати силен удар од 20 метри, но Јурченко одбрани. И во продолжението Ерменците комплетно се затворија во одбраната, а македонските репрезентативци без моќ да ја пробијат бариерата во обидот за стигнувањето до трите бода. Најголемата шанса ја имаше Алиоски во 90. минута одлично шутирајќи од 18 метри откосо, но Ашковски се испречи пред голот на Ерменците и тој ја блокираше топката на левокрилниот дефанзивец.

Следниот натпревар за Македонија во квалификациите за СП 2022 е против Исланд во Рејкјавик на 5. септември.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2022 – 4. КОЛО

МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА (0-0)

Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 3.000. Ж. картони: Муслиу (М) – Хофханисјан, Восканјан, Мкхитаријан (Е).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски, Барди, Елмас, Костадинов (83′ Ашковски), Чурлинов, Трајковски (60′ Спировски), Јаховиќ (81′ М. Ристовски)

Селектор: Боби Милевски

ЕРМЕНИЈА: Јурченко, Хамбарџумјан, Восканјан, Калисир, Хофханисјан, Бичакчјан (46′ Корјан), Григорјан, Удо, Варданјан (67′ Спертсјан), Мкхитаријан, Адамјан (71′ Шагојан)

Селектор: Жоакин Капарос

РЕЗУЛТАТИ – 4. КОЛО
МАКЕДОНИЈА – Ерменија 0-0
Лихтенштајн – Германија 0-2
Исланд – Романија 0-2

Се вчитува...