МАКЕДОНИЈА ОДИ ПО МЕДАЛ: Георгиевски е во полуфиналето на ОИ

Дејан Георгиевски продолжува со извонредниот настап на ОИ во Токио, откако утрово стигна до втората победа, совладувајќи го Сејду Гбане со 9-4 за пласман во полуфиналето на таеквондо турнирот на овие игри.

Почетната рунда мина во тактичко надмудрување на Македонецот и ривалот од Брегот на слоновата коска, па и покрај поголемиот притисок што го вршеше од противникот, оваа рунда заврши 0-0.

Георгиевски поведе со казнениот поен што му беше досуден поради грешка на противникот, Гбане израмни на 1-1, но потоа следеше одличен удар на Македонецот, за водство од 3-1 на крајот од втората рунда.

Гбане израмни на 4-4, но потоа слеедеше фантастична серија од пет поени на Георгиевски, кој освои пет поени во рок од дваесетина секунди. Кога предноста беше обезбедена, македонскиот таеквондист маестрално се одбрани до самиот крај, за конечна победа од 9-4 и пласман во полуфиналето на ОИ во Токио.

Тој во полуфиналето ќе се сретне со Кореецот Ин, кој е второрангиран на овој олимписки турнир, но Георгиевски веќе покажа дека може да се носи и да ги победува сите ривали во Токио.

Се вчитува...