Македонија останува организатор на два ЕХФ-шампионати во 2021 година

Македонија останува домаќин на младински шампионати во 2021 година, и тоа на ЕХФ-шампионат за ракометарки до 19 години, како и на кадетски ЕХФ-шампионат за играчи до 18 години, што ќе се одржат во текот на летото.

Машкиот кадетски шампионат најпрвин беше планиран да стартува во јануари 2021 година, но стравот од уште поголемо ширење на коронавирусот придонесе ЕХФ да го одложи натпреварувањето за половина година. Според новиот термин, Ракометната Федерација на Македонија ќе го организира овој шампионат од 15 до 22 август.

Што се однесува до женскиот шампионат, терминот на ова натпреварување нема да биде променет, истиот ќе се одржи од 10 до 18 јули 2021 година.

Се вчитува...