Македонија падна за едно место на ФИФА ранг-листата

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од едно место, па сега се наоѓа на 135. позиција на најновата ФИФА ранг-листа, објавена денеска од страна на светската куќа на фудбалот.

Либерија е репрезентацијата што оствари скок од 17 позиции во однос на минатиот месец, што придонесе Македонија повторно да има пад на листата, во периодот во кој нашите репрезентативци не одиграа ниту еден натпревар. Од селекциите во нашата група Шпанија и Италија останаа на 11. и на 12. место, Албанија се наоѓа на 63. позиција, Израел е 70. рангиран во светот, додека Лихтенштајн се наоѓа на 190. мето на најновата ранг-листа.

Бразил се искачи на врвот, минувајќи ја Германија која сега е второрангирана, а во Топ 5 репрезентации во светот се наоѓаат уште и Аргентина, Швајцарија и Полска, додека европскиот првак Португалија падна на шестата позиција.

Се вчитува...