Македонија подобра, но без голови по првите 45 минути на „Тодор Проески“ (ФОТО)

Македонската репрезентација има 0-0 по првото полувреме против Ерменија во 4. коло од Групата Ј во квалификациите за СП 2022.

Македонија беше подобра од Ерменците во првиот дел, контролирајќи ја играта на средината од теренот, но не успеа да искористи неколку можности во периодот од 25. до 35. минута кога креираше три убави шанси за погодок.

Најпрво капитенот Ристовски во 29. минута убаво се снајде по десната страна, но откако го надмудри гостинскиот голман расчисти ерменската одбрана. Потоа убав обид имаше и Александар Трајковски но за малку покрај десниот дирек, а во 31. минута и Костадинов убаво реагираше со глава пред голот на Ерменците но повторно непрецизно.

Ерменците се заканија само еднаш во првите 45 минути по една грешка во проигрување на македонските дефанзивци, но навреме реагираше голманот Столе Димитриевски.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2022 – 4. КОЛО

МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА (0-0)

Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски, Барди, Елмас, Костадинов, Чурлинов, Трајковски, Јаховиќ

Селектор: Боби Милевски

ЕРМЕНИЈА: Јурченко, Хамбарџумјан, Восканјан, Калаир, Хофханисјан, Бичакчјан, Григорјан, Удо, Варданјан, Мкхитаријан, Адамјан

Селектор: Жоакин Капарос

Се вчитува...