Македонија пред баражите имаше коефициент 50 за пласман во Катар, а сега пет пати помал

Малку шанси се даваа на Македонија за пласман на Мундијалот во Катар. Имајќи во предвид дека баражот не беше наклонет кон Македонија, со оглед дека падна со Италија, а потоа и со подобриот од Португалија и Турција, и тоа што двата баражи требаше да се играат на гости, Македонија имаше најголем коефициент дека ќе се најде на Мундијалот во Катар. .

Ако пред почетокот на баражите, Македонија за пласман на СП во Катар имаше коефиециент 50, сега има пет пати помалку, односно околу 12 (некаде и 10).

Пред Македонија фаворит за пласман во финалето беше Италија, но нашата селекција успеа да ги победи и тоа среде Палермо. Сега ако се одигра патриотски, тогаш може добро да се заработи.

Се вчитува...