Македонија пред полн стадион и против Турција во Истанбул!

Македонската репрезентација, слично како и на дуелот против БиХ во Сараево, и утре на пријателскиот натпревар против Турција во Истанбул ќе игра пред полни трибини.

Како што објавија од Турската федерација, продаден е до последно место стадионот „Шукру Сарачоглу“ кој е со капацитет од 50.530 седишта.

На стадионот на Фенербахче, турските фанови преку натпреварот со Македонија ќе ги испратат милениците на Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада.

Како што пренесуваат турските медиуми, во моментов има уште најмалку 50.000 барања до федерацијата за билети за натпреварот со Македонија.

Се вчитува...