Македонија продолжува да „гази“ на Европското училишно првенство во 3х3 баскет

Македонија ја продолжува низата победи на Европското училишно првенство во баскет 3х3, овојпат совладувајќи го домаќинот Србија.

Во супердраматичен и неизвесен натпревар, македонските кошаркари покажаа карактер, ладнокрвност и огромно срце, славејќи против силниот српски состав со 17-16!

Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски продолжуваат да ја воодушевуваат публиката со својата борбеност и перфектна тимска игра.

Веќе попладнево нашите херои ги очекува нов голем предизвик – четвртфинален дуел против селекцијата на Хрватска 1.

Се вчитува...