Македонија против Германците нема да игра во Германија!?

Македонската фудбалска репрезентација би можела мартовскиот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2022 против Германците на гостински терен да не го игра во Дуисбург, Германија, како што е првично одредено.

Поради пандемијата на коронавирусот, и максимално строгите здравствени мерки наметнати од германската Влада за сите кои доаѓаат од Германија од земји кои не се членки на ЕУ, можно е Македонија квалификацискиот дуел да го игра во друга европска земја. Како веројатни опции се Букурешт, Романија, или Будимпешта, Унгарија. Но, сето тоа ќе зависи и од тоа дали Германија ќе се одлучи, како што е најавено, за продолжување на целосниот карантин во земјата до крајот на месецот, а кој засега е со важност до 7. март.

Македонија со Германија треба да игра на 31. март со почеток од 20:45 часот на „МСВ Арената“ во Дуисбург.

Како што е познато, токму поради целосниот карантин воведен од германската Влада, и задолжителноста од карантински денови, и дел од натпреварите во Лигата на шампионите на германските тимови изминатиот месец се играа во Унгарија на „Пушкаш арена“ во Будимпешта.

Се вчитува...