Македонија се пласираше во четвртфиналето на Светското училишно првенство

Женската кадетска репрезентација на Македонија продолжува со доминантни партии на Светското училишно првенство во Скопје. По денешната убедлива победа над Грузија со високи 45-13, нашите млади ракометарки и официјално обезбедија пласман во четвртфиналето.

Македонија го контролираше мечот од самиот почеток, не оставајќи им никаков простор на противничките за надеж. Следниот предизвик за нашите кадетки е дуелот против Словачка во последното коло, кој директно ќе одлучува за првото место во групата и за теоретски полесен противник во елиминациската фаза.
Рона Мифтари со осум гола беше прво име во нашиот табор.

Се вчитува...