Македонија со четири претставници на СП во нордиско скијање

Се е подготвено за почетокот на Светското првенство во нордиско скијање што ќе стартува денеска во Норвешка, каде македонската репрезентација ќе биде претставена со четири скијачи во различни дисциплини.

„Со гордост најавуваме дека Ана Цветановска, Ставре Јада, Дарко Дамјановски и Виктор Чакаровски ќе ја претставуваат Македонија на FIS Светското првенство во нордиско скијање, кое ќе се одржи од 26 февруари до 9 март во Трондхејм, Норвешка“, објавија од Скијачката Федерација на Македонија.

🔹 Дарко Дамјановски ќе ја отвори македонската серија со квалификациската трка во класичен стил (7.5 км) на 26 февруари, а веќе следниот ден (27 февруари) ќе се натпреварува во спринтот на 1.3 км. На 5 март, заедно со Ставре Јада, ќе настапи во тимскиот спринт (1.3 км).

🔹 Ставре Јада ќе се натпреварува во неколку дисциплини: спринт (1.3 км) на 27 февруари, 10 км класичен стил на 4 март, како и во тимскиот спринт (1.3 км) на 5 март.

🔹 Виктор Чакаровски ќе ја проба својата сила во спринтот на 1.3 км на 27 февруари, покажувајќи ја својата брзина и издржливост.

🔹 Ана Цветановска ќе се натпреварува во квалификациската трка (7.5 км класичен стил) и во спринтот (1.3 км), каде што ќе ја демонстрира својата подготвеност и посветеност.

„Ова првенство е клучна прилика за нашите скијачи да го демонстрираат својот талент, да се натпреваруваат со најдобрите светски атлети и да стекнат вредно искуство на меѓународно ниво. Со нетрпение ги очекуваме нивните настапи и им посакуваме успех“, порачуваат од Скијачката Федерација.

Се вчитува...