Македонија со две злата, едно сребро и две бронзи на ИТКФ Медитеранскиот онлајн шампионат

Репрезентацијата на Македонија во традиционално карате во првите два дена од ИТКФ Медитеранскиот онлајн шампионат освои 2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени медали во кати.

Дејан Недев се закити со сребрениот медал во сениорска конкуренција. Златни медали освоија Мила Саздова во јуниорска конкуренција и Александра Стојановска во кадетска конкуренција. Аљоша Недев го освои бронзениот медал за сениори, а Максим Илиев го освои исто така бронзениот медал во кадетска конкуренција.

Се вчитува...